Тиквешани го испочитуваа адетот, на денешниот празник Младенци-Св.четириесет маченици, подготвија по 40 посни питулици со маџун. На долгогодишната традиција која се негува од колено на колено на овие простори, вечерва потсетија и од библиотеката ,,Страшо Пинџур” од Неготино, како институција која, меѓу другото, се грижи за културното наследство.
-По повод празникот, кој е дел од културното и духовното наследство на нашиот народ и кој е поврзан со многу обичаи, од кои дел се под заштита на УНЕСКО, нашата библиотека го споменува древниот обичај во Тиквешијата. Обичај кога се поминува време со семејството дома и се чуваат традиционалните вредности. Нашите прабаби знаеле со наједноставните состојки да направат уметност, соопштија од библиотеката.
Потестуваат и посочуваат дека овој празник секогаш се паѓа во строг пост.
– За младите домаќинки, споделуваме дека питулиците се прават со по една чаша брашно и вода, по пола лажичка сол, пециво, оцет. Смесата се промешува и се печат 40 мали питулици кои се потопуваат со традиционалниот производ од грозје, маџун, а може и со мед, потсетија од библиотеката.