Здружението Ино Тех Клуб – Штип, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип денеска организираат настан за реупотреба на текстилниот отпад. Целта е, велат, да се претстават модели како текстилниот отпад да се употреби како ресурс и да се даде додадена вредност на производот преку вклучување ранливи категории граѓани и заштита на животната средина.

На настанот се предвидени дебата за бизнис модели за употреба на текстилниот отпад, видео содржини од успешни приказни и моден перформанс.

Настанот е дел од проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Штип“ имплементиран од здружението Ино Тех Клуб Штип, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и УГД, а финансиски поддржан од ГЕФ ПМГ и проектот „ 3 – Р (редуцирај, рециклирај, реупотреби)“ – Бизнис модели за употреба на текстилниот отпад“, имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, а финансиски поддржан од Фондација Отворено општество Македонија.