Чешкиот амбасадор во земјава, Јарослав Лудва, денеска беше во посета на Валандово и се сретна со градоначалникот Перо Костадинов.

Од општината потврдија дека на средбата се разговарало за важноста од поврзувањето на граѓаните од двете земји, можноста за унапредување на бизнис соработката како и потенцијалот за развој на заедниците.

– Валандово се отвора кон светот и ги промовира своите посебности. Градиме пријателства, нудиме нови перспективи и учиме од поуспешните од нас, рече градоначалникот Костадинов.

За време на престојот во Валандово, гостите од Чешка, предводени од амбасадорот и градоначалникот биле во посета на семејната компанија „Тера Мегдан" која успешно го развива семејниот бренд „Кувет" за органски производи.