Без струја денеска ќе бидат село Зелениково и околината, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Тисовица, Ново Село, Пакочево, Страхојадица и Смесница.

Како што соопшти РЦУК, според добиена информација од ЕВН Македонија АД, струја ќе нема во период од 08:30 до 19 часот.