Пензионерите од Росоман добија просторија за престој и рекреација, информираше денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов.

– Се работи за привремена просторија во која синоќа се сретнав со дел од нив, разговаравме, ги сослушавме нивните идеи и прашања, се со цел поголема вклученост во општeството на оваа категорија на граѓани. Креираме политики за зголемување на животниот стандард на овие граѓани. Пензионерите ќе добијат историско покачување на пензиите и дополнителни месечни надоместоци со цел одржување на животниот стандард за време на криза, рече Николов.

Тој нагласи дека се покажува вистинска грижа кон пензионерите, со заложби за зголемување на стандардот на оваа категорија на граѓани.