Во беровското село Двориште во тек активности за подобрување на состојбата со управувањето со комуналниот отпад. За таа цел екипи на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ Берово, деновиве поставува нови контејнери за комунален отпад.
– Контејнерите претпријатието ги доби во рамките на проектот за регионално управување со отпадот, финансиран со средства од ИПА- програмата за регионален развој на Европската Унија. Во рамките на истиот проект, ЈПКР,,Услуга” неодамна го збогати возниот парк, со специјални камиони за транспорт на смет, истакнаа од претпријатието.
Со поставување на новите контејнери, лако што додадоа ќе се одговори на потребите на граѓаните, но и значително ќе се подобри состојбата со управување со комуналниот отпад.
– Најважно од се преку овие активности ќе се превенира и создавањето диви депонии. Исто така со имплементацијата на овој регионален проект за управување со отпад, во голема мера ќе се подобри квалитетот на живот, ќе се зајакне заштитата на животната средина и ќе се поттикне локалната и регионалната економија, додадоа од претпријатието.
Поставување на контејнери за подобруввање на комуналната хигиена е предвидено и во други села во Беровско.