Кумановските пожарникари гаселе пожари на пет различни локации изминатото деноноќие. Сува трева горела во неколку села во кумановско, а била зафатена и нискостеблеста и дабова шума во две села Руница во Општина Липково и Сушево, Општина Куманово, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово.
Сува трева горела во два наврати во село Доброшане и еднаш во Долно Којнаре.
Во попладневните часови од 15:35 до 18:00 часот, кумановските пожарникари гаселе пожар на нискостеблеста шума во липковското село Руница. Територијалната противпожарна единица осум часа интервенирала и на пожар на сува трева и дабова шума во кумановското село Сушево од 18 часто се до два часот по полноќ.
Вчера било опожарено и товарно моторно возило „ТАМ“ на улицата „Белановска“. Пожарот го изгасиле петмина пожарникари.
И нивните колеги од противпожарната единица од Општина Старо Нагоричане имале една интервенција за запалена сува трева во село Орах, од 15:00 до 18:00 часот.