Поранешниот шпански крал Хуан Карлос нема право на суверен имунитет во случајот за вознемирување кој против него го покрена неговата поранешна љубовница, одлучи денеска англискиот Висок суд.

Пресудата овозможува судење на поранешниот шпански крал во Велика Британија доколку данската државјанка Корина цу Сајн-Витгенштајн-Сејн одлучи да ја продолжи постапката против Хуан Карлос. Адвокатот на Хуан Карлос не одговори веднаш на барањето за коментар