Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тихиот Океан во близина на префектурата Фукушима, соопшти главната метеоролошка служба на Јапонија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 50 километри и не е објавено предупредување за цунами.

Подземни земјотреси се почувствувани во 16 префектури.

Минатиот четврток во истото подрачје беше регистриран силен земјотрес од 7,3 степени, пренесува Бгнес.