Изложбата насловена „Once again“, вчера беше отворена во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Кумановци имаа можност да разгледаат дела графики и слики, кои авторот ги работел последниве години.

-Делата се ретроспектива на авторот. Млад талентиран ликовен графичар, кој освен со слики се занимава и со улична арт уметност, учествувал во цртање на графити и мурали за разубавување на Скопје. Тој ја слика реалноста според видувањето и елемнтите ги преточува во музички инструменти, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

Давор Кешќец е роден во 1997 во Скопје. Средното образование го завршил во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје, оддел графика, (2011-2015). Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, оддел графика, (2015-2020). Член е на ДЛУМ од 2020 година.

Добитник е на наградата „Young Art“, категорија сликарство од 21-29 години во 2019-та година. Автор е на повеќе самостојни изложби, учествувал на селектирани групни изложби, учесник е во повеќе проекти и изработка на мурали. Од Центарот за култура ги повикаа љубителите на уметноста да ги разгледаат делата секој работен ден.

Изложбата ќе биде поставена до шести април, годинава.