Руските власти денеска објавија дека со крстосувачки ракети го уништиле најголемото складиште за гориво на украинската војска, во близина на Киев.
– Уништена е најголемиот преостанат резервоар за гориво на украинската армија, кој се користеше за снабдување на единиците во централниот дел на таа земја, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Други детали не се објавени.