Студентската платформа „Скала магазин“ го објавува четвртиот повик за групна галериска изложба, за сите уметници на возраст од 16 до 35 години, кои имаат став на тема „Поларизација“.

-Уметничките дела може да бидат во кој било визуелен медиум -видео арт, сликарство, фотографија, илустрација, графика, скулптура. Секој автор може да пријави максимум три дела. Скала магазин има обврска да ги отпечати и врами делата, да ги изложи во галериски простор, да испечати мал каталог за изложбата, и да организира пригоден коктел за отворањето, информираат од платформата.

На конкурсот ќе бидат разгледани исклучиво дела кои ја обработуваат темата „поларизација“ и дела кои се создадени во временски период помеѓу 10 март и 10 април, 2022 година. Сите дела кои се надвор од овие рамки ќе бидат дисквалификувани.

Aвторите ќе имаат можност да ги продаваат своите изложени дела на Скала продавница. Конкурсот е отворен до 10 април 2022 година на следниот линк.