Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во денешниот телефонски разговор со турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, се заблагодари за поддршката од Анкара.
– Разговарав со Ердоган за резултатите од Самитот на НАТО одржан вчера во Брисел. Разменивме мислења за тековните дипломатски напори. Разговаравме за заканата од недостиг на храна и начините да се спречи тоа, напиша Зеленски на Твитер.
Ердоган во разговорот со Зеленски истакнал дека Турција на Самитот на НАТО ја повторила својата поддршка за територијалниот интегритет на Украина.