Во пожарот што избувна вчера во кумановското село Стрезовце биле зафатени 20 хектари борова шума, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарот избувнал во 13:40 часот, го гаселе екипи на противпожарната единица на Куманово и на Старо Нагоричане, како и две лица вработени во шумско стопанство. Пожарот е локализиран во 16:30 часот, екипите останале на терен.

– Од 01:15 до 06:45 интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари во село Стрезовце на истото место што претходно избувнал пожарот, кој е ликвидиран, соопштија од РЦУК Куманово.

Кумановските пожарникари гаселе пожар и во Романовце на запалена сува трева, а во попладневните часови интервенирале на стан на булеварот „Октомвриска револуција“. Во ноќните часови опожарен бил и автомобил на улицата „Никола Тесла“.