На истекот на Билјанини извори во непосредна близина на Охрид во 1935 година изградена е хидробиолошка станица, која 16 години подоцна прераснува во завод, поврзан со канал кој води до Охридското Езеро. Нејзин основач и најзаслужен за афирмација на Охридското Езеро е професорот Синиша Станковиќ, истакна денеска професорот и претседател на Советот на Хидробиолошкиот завод – Охрид Трајче Талевски на одбележувањето 130 години од раѓањето на академик Станковиќ.

Говорејќи за делото на Станковиќ и неговите лимнолошки достигнувања, но и љубовта кон Охридското Езеро, Талевски се осврна на неговата истражувачката дејност, а врвот на полето на екологијата дошол до израз со објавувањето на книгата „Екологија на животот“.

Станковиќ, како што наведе, Талевски, првпат во Охрид дошол во 1922 како доцент на Белградскиот универитет.

– Откако го видел Охридското Езерео станал вљубеник во него, неговиот растителен и животински свет и останал ненадминат познавач на езерскиот жив свет. Но, за важноста на Охридското Езеро знаел уште како студент од истражувањата на голем број светски научници, кои имале извршено обемни биолошки, хидролошки и други проучувања на езерото. Со овие проучувања било докажано и заклучено дека Охридското Езеро е многу старо и богато со растителен и животински свет, кој живее само тука и во еден тесен регион околу него. Извесен број растенија и животни се сосема идентични или блиски со фосилни остатоци на Балканскиот полуостров и на Средна Европа, рече Талевски.

Резултатите од истражувањата ги сумирал во делото „Фауната на Охридското Езеро и неговиот жив свет“ објавено на македонски јазик.

Директорката на Хидробиолошкиот завод – Охрид, Орхидеја Тасевска преку видео презентација ги офати сите видни имиња, кои истражувале и твореле за слатките води, нивниот жив свет и законите на природата и дале придонес за развојот на научната мисла во Македонија.

– Основањето на оваа институција претставува пресврт во истражувањата на уникатното Охридско Езеро, бидејќи се создадени предуслови за продолжување на систематското проучување на езерото и богатата флора и фауна со бројни ендемични и реликтни видови. Тогашната Хидробиолошка станица ја премостува Втората светска војна, ги развивива своите потенцијали и прераснува во Завод, истакна Тасевска.

Во 1961 година Заводот станува самостојна научна институција, која во 1994 година е запишан во регистарот на организации за научно-истражувачка дејност во Македонија, а денес е Институција од стратешко значење за државата.

– Плодната научно истражувачка работа на научниот кадар резултира со голем број научни трудови објавени во домашни и престижни меѓународни списанија. Својата активност Заводот ја прошурува и преку соработка со други научни институции од земјата и странство, како и со учество во бројни регионални, национиални и меѓународни научно истаржувачки проекти. Во тек е спроведување на активности во три меѓународни и два национални проекти. Институтот врши и активна заштита на животната средина преку многубројни предавања. Има многу значајна едукативна, но и просветна и културна мисија, додаде Тасевска.

И професорот Александар Трајков, продекан за настава на Факултетот за туризам и угостителство Охрид при универзитетот Св. Климент Охридски Битола забележа дека Станковиќ, е еден од оние кои оставиле најголемо обележје во науката во Охрид, преку своите научни дела дава огромен придонес во науката која се однесува на екологијата, хидробиологијата и на природните науки.

– Едно од неговите најзначајни дела, кое има исклучително значење за правецот во којшто се одвивала и самата наука во Македонија е токму основањето на Хидробиолошкиот завод, кој подоцна прераснува во Јавна национална установа и тоа што како резулатат негов е токму формирањето и на Универзитето Св. Климент Охридски во Битола, рече Трајков.

На одбележувањето на годишнината од раѓањето на Станковиќ, присуствуваше и директората на истоимениот Институт за биолошки истражувања од Белград, Мирјана Михајловиќ, која се осврна на почетоците на Институтот во 1965 година кога директор бил токму Станковиќ.

– Низ овие 75 години, Институтот заедно со своите сорабоници има резлирано голем број проекти и публикации, а посебно внимание посветуват на развој на млад кадар бидејќи без тоа нема ни иднина Институтот, истакна Михајловиќ.

Академик Синиша Станковиќ својот научен и истражувачки потенцијал го насочил кон живиот свет на Југословенските езера, Охридското, Преспанското и Скадарското. Покрај во основањето на Хидробиолошкиот завод во Охрид има значаен придоноес кон основањето на институтите за кренографија и рибарство во Сплит, за земионологија во Котор и за биологија на сакадарско езеро во Врање.