Вчеравечер одржавме консултативна средба со членовите на Советот на општина Тетово, на која во повеќечасовна дискусија ги презентиравме сите детали од нашиот граѓански предлог, аргументации и јасно дефинирани 7 чекори за реализација на предлогот за формирање на прв вистински градски парк во градот Тетово.

На средбата присуствуваше мнозинство од вкупниот број на членови на Советот, претставници од советничките групи како и претседавачот Бесар Дурмиши.

Начелно се согласивме во духот на конструктивноста во следниот период да се одржат и други средби со цел приближување кон решение. Како иницијатива делумно нè разочарува што во овој момент во очите на советниците повеќе доминираат пречките и изговорите, а се занемаруваат јасно дефинираните можности, но сметаме дека нивната изразена поддршка да се продолжи кон соработка со цел реализација остава простор за успех.

Тетово досега не памети ваков облик на непосредна демократија.

Продолжуваме со силна волја, Тетово сака и мора да добие парк!