Со документарниот филм „Најубавото момче на светот“, Кинотека ќе ја почне априлската програма која, според најавите, ќе понуди интересни и значајни остварувања од понов и постар датум.

Публиката ќе може да ги види „Квадратот“, „Меморија“, „Не е лошо да се биде човек“, „Со среќа дупење или улаво порно“, „Бесконечна поезија“, „Синот на Саул“,…

Кинотека ги најавува и „Носферату, симфонија на стравот“, кој ќе се прикажува по повод стогодишнината од снимањето, „Медеја“, со чија проекција ќе се одбележи стогодишнина од раѓањето на италијанскиот и европски автор Пјер Паоло Пазолини, како и „Американскиот пријател“ на Вим Вендерс од 1977 година и „Лудиот Пјеро“ на Жан-Лик Годар од 1965 година.

Од македонските класици на програмата ќе бидат два филма на Димитрие Османли, „Мирно лето“ и „Ангели на отпад“.

Априлската програма на репертоарот го има и „Кво вадис, Аида?“ на босанскохерцеговската авторка Јасмила Жбаниќ