Нешто повеќе од 100 дена по преземањето на власта, германскиот канцелар Олаф Шолц и неговите социјалдемократи денеска се соочуваат со првиот изборен тест, на регионалните избори во малата сојузна држава Сар.

Гласачите од западната држава што граничи со Франција ќе го изберат својот следен регионален парламент, кој од 1999 година е под контрола на партијата ЦДУ на поранешната канцеларка Ангела Меркел.

Гласањето е прво во серијата регионални избори оваа година, вклучително и оние во најголемата германска покраина Северна Рајна-Вестфалија во мај.

Истражувањето пред изборите покажува дека СПД на Шолц има добри шанси да ја потисне ЦДУ.