Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди синоќа областа во близина на еквадорскиот крајбрежен регион, при што беа оштетени згради и соборени столбови за осветлување на автопатите.

Земјотресот бил на длабочина од 40 километри, а епицентарот на 9 километри југоисточно од Есмералдас во Еквадор, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Видеата и фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат делумно урнати згради и оштетувања во внатрешноста на болницата по земјотресот.

Засега нема информации за повредени во земјотресот.