Во просториите на Културно – информативниот центар „Романса” во Македонска Каменица, денеска ќе биде промовирана книгата „Палави Афоризмичиња” од доајенот на македонската сатира Миле Ѓорѓијоски.
Во рамки на настанот предвидена е изложба на илустрирани детски афоризми со илустрации од познатите имиња на карикатурата Миро Георгијевски, Јордан Поп Илиев, Кети Радевска, Миле Манчевски и Јитет Коештена.
Претходно во соработка со деветолетката „Кирил и Методиј“ предвидени се и часови по сатира кои ќе се реализираат со ученици од ова училиште.
Освен во Македонска Каменица, промоција на првата книга со детски афоризми до крајот на месец март предвидена е и во Општина Пехчево.