Германските власти евидентираа околу 9.000 политички мотивирани кривични дела поврзани со коронавирус минатата година, соопшти Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, јави ДПА.
– Поголемиот дел, очигледно, се помалку за индивидуалните мерки за коронавирус, отколку за прашањето дали оваа уставна демократија е вистинскиот систем, изјави претседателот Холгер Минх за германската издавачка група Redaktionsnetzwerk Deutschland (RND).
Како пандемијата продолжува, на прашањето дали ситуацијата ќе биде посмирена, тој одговори:
– Претпоставуваме дека овие луѓе ќе бараат ново поле – би можеле тоа да бидат теми како на пример климатските промени, во зависност кои ограничувања за зголемувањето на трошоците се поврзани со тоа.
Се претпоставува, додаде Минх, дека „ќе се продолжи со нови врвови во областа на политички мотивираните кривични дела, додека гледаме нови општествени предизвици“.
Во 2021, политички мотивираните кривични дела го достигнаа највисокото ниво во Германија, откако се почна со годишните статистики, во 2001 година.
Имаше и рекорден број политички мотивирани кривични дела, што не се класифицирани ниту како од десниот или од левичарскиот спектар, ниту поврзани со некоја позната идеологија.