Исламска држава презеде одговорноста за нападот во градот Хадера, централен Израел, при што загинаа две лица.

ИД на Телеграм објави дека во нападот загинале двајца војници, а десет 10 се повредени.

Претходно, израелските безбедносни претставници соопштија дека двајца вооружени арапски напаѓачи отвориле оган и убиле две лица во Хадера, на околу 50 километри северно од Тел Авив. Во извештајот се посочува дека напаѓачите се елиминирани.

Тоа е втор напад за помалку од седум дена. Во јужен Израел напаѓач под влијание на ИД избоде до смрт четири лица.