Поради менување на водоводна линија, денеска во периодот од 8 до 14 часот без вода за пиење во Кичево ќе останат корисниците од јужниот дел на градот.
Според известувањето од ЈКП„ Комуналец“ Кичево, без вода ќе бидат жителите на населба „Карпош“, улица„ Маршал Тито“ од јужниот влез до кичевската Општа болница и улицата„ 29-ти Ноември“ во населба Подварош.