Започна решавањето на проблемот со патната пристапност на жителите од улица „Плачковица” во Берово. За таа цел, како што информираа од општината, се гради малата пристапна патека која ќе биде замена за калта со која долги години се соочуваа жителите.
-Реконструкцијата на оваа улица, која долги години наназад, не е реконструирана, а се наоѓа во центарот на Берово, има големо значење за беровци, затоа што ќе добијат подобра пристапност, а посебно за жителите кои живеат таму, со што ќе им се олесни пристапот до семејните куќи и ќе добијат соодветна патна инфраструктура, истакнаа од општината.
Активноста како што додадоа се реализира со средства од општинскиот буџет.
-Од Буџетот на општина Берово за 2022 година, за оваа улица, се издвоени средства во износ од 823 илјади денари, додадоа надлежните.
Увид во градежните работи изврши градоначалникот Звонко Пекевски кој најави дека согласно програмата за работа ќе следуваат вакви и слични активности и во останатиот дел на градот.