Русија загуби околу 17.000 војници од почетокот на инвазијата врз Украина, соопшти денеска Генералштабот на украинските вооружени сили.

Во објавата на Фејсбук, се наведува дека Русија загубила 586 тенкови и 1.694 оклопни борбени возила.

Се тврди и дека руските сили кај Киев се обидуваат да ја пробијат одбраната од северозапад и исток за да ја преземат контролата врз клучните патишта и населби, а украинските трупи се спротивставуваат.