Студентската платформа „Скала магазин“ го објавува четвртиот повик за групна галериска изложба, на кој може да се пријават сите автор(к)и, кои имаат став на тема „Поларизација“. Конкурсот е отворен до 10 април 2022 година и ќе може да се пријавуваат на следниот линк.

Уметничките дела може да бидат во било кој визуелен медиум: видео арт, сликарство, фотографија, илустрација, графика, скулптура… Секој автор може да пријави максимум три дела. Aвторите ќе имаат можност да ги продаваат своите изложени дела на Скала продавница.

– На конкурсот ќе бидат разгледани исклучиво дела кои ја обработуваат темата „поларизација“ и дела кои се создадени во временски период помеѓу 10 март и 10 април, 2022 година. Сите дела кои се надвор од овие рамки ќе бидат дисквалификувани. Скала магазин има обврска да ги отпечати и врами делата, да ги изложи во галериски простор, да испечати мал каталог за изложбата, и да организира пригоден коктел за отворањето, информираат од Студентската платформа „Скала магазин“.

Проектот е поддржан од Democracy Lab.