Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Рамала на Западниот Брег на реката Јордан, на средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Станува збор за прва посета на јорданскиот крал на окупираниот Западен Брег од 2017 година наваму.
Посетата на кралот Абдула се случува во изменети околности кога министри за надворешни работи на четири арапски држави направија преседан учествувајќи на состанок организиран од израелските власти и одржан во Израел.
Таквиот потег еврејските власти го поздравија како „историски“ по серијата договори за нормализација на ситуацијата од минатата година, додека истовремено наиде на силно спротивставување кај Палестинците.