Деветнаесет лица се убиени доцна синоќа во централниот дел на Мексико, се наведува во соопштението на државниот јавен обвинител.

Надлежните власти биле повикани на местото на инцидентот околу 22.30 часот по локално време, по добиена информација за напад на собир во градот Лас Тинахас, државата Мичоакан.

Според соопштението, пронајдени се 19 безживотни тела (16 мажи и три жени) кои имале прострелни рани.