Струмица e прва општина од Република Македонија која конкурираше, а апликацијата ја поднесе на крајот на минатиот месец.

Струмица е во трка со 18 градови за Европска младинска престолнина за 2025 година меѓу кои се:Анталија и Измир (Турција), Дубровник (Хрватска), Алимос и Комотини (Грција), Љубљана (Словенија), Лавов (Украина), Мадрид, Фуенлабрада и Азкуека де Хенарес (Шпанија), Бургас и Стара Загора (Бугарија), Парденоне и Савона (Италија), Тромсо и Мосјон (Норвешка), Кишињев (Молдавија и Гратвен-Страбенгел (Австрија).

Ова го објави Европскиот младински форум со седиште во Брисел, откако овие градови ја поминаа првата селекција, а на 7 април ќе се знае кои апликанти ќе влезат во потесниот избор.

Струмица e прва општина од Република Македонија која конкурираше, а апликацијата ја поднесе на крајот на минатиот месец.

-Ние сме горди што сме еден од градовите во оваа селекција и се надевам дека ќе можеме да се радуваме на крајот, изјави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

Досега европски главни градови на младите биле повеќе престолнини и познати европски градови, а за годинава оваа титула ја понесе Тирана. Идната година младинска престолнина е Љублин (Полска), а за 2024 година ова признание му припадна на белгискиот град Гент.