Украинската државна служба за специјални комуникации (СССЦИП Украина) соопшти дека руските сили извршиле кибер-напад врз државниот телеком Укртелеком.

Претседателот на СССЦИП Јуриј Шчихол информира дека кибер-нападот е неутрализиран и оти во тек се напори за обновување на услугите.

За време на нападот, Укртелеком ги прекина услугите на повеќето свои клиенти за да ја заштити мрежната инфраструктура и да продолжи да дава услуги за украинската армија.