Изгаснат е пожарот што изби изутринава околу 9 часот на камион со приколка на патниот правец Прилеп-Градско кај местото викано Вклештен мост, на излезот од Прилеп, а сообраќајот, според противпожарната служба, е нормализиран.

-Пријавата за пожарот ја добивме околу 9 часот. Пожарот, од засега непознати причини, беше на задните гуми од приколката на камионот кој превезувал млеко во правец надвор од Прилеп. Пожарот е изгаснат и воспоставен е сообраќајот на патниот правец, изјави командирот во прилепската противпожарна единица Виктор Стојчески.

Од СВР Битола потврдуваат дека добиле пријава за пожарот на камионот со приколка на патниот правец Прилеп- Градско кај Вклештен мост околу 8,55 часот. Полицијата прави увид на случајот.