Ликовни уметници од училиштето ,,Атоли Вејсел Акар” од турскиот град Трабзон се годинашни добитници на наградата Гран при, највисокото признание што се доделува на меѓународната колонија „Мал Битолски Монмартр”.

Меѓународно стручно жири одлучи почесната награда „Коста Хаџи Антоновски” да им се додели на Ирина Крушинина и детското ликовно студио „Росток” од Русија заради долгогодишна соработка.

Од детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј”-Битола информираат дека награда за животно дело „Богомил Карлаварис” ќе и биде врачена на ликовниот педагог Светлана Вешиќ Ралевиќ од ликовното ателје „Артино” кое работи во Белград, Србија.

На претстојната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” која почнува на 23 мај, во Битола ќе се доделат и други единечни и колективни награди и признанија.