Летово ќе се одржи бизнис саем за производители од Куманово и од други држави, најавија денеска од општина Куманово. Саемот е предвиден да се одржи во средината на јули, годинава. Покрај производни фирми, на саемот е предвидено да учествуваат и финансиски организации, агенции сите кои имаат интерес за меѓусебна соработка.

Претходно, во општината се одржал состанок на кој бил презентиран претстојниот бизнис саем за производители во Куманово, како и новите бизнис можности коишто произлегуваат од него. Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со маркетинг и менаџмент агенцијата Еуростеп, со цел организација на саемот на 16-ти и 17-ти јули во Куманово.

-На саемот ќе учествуваат компании кои пласираат производи, правни лица од државите членки на ЕУ и Балканот, финансиски организации и агенции, кои се заинтересирани за потенцијални соработки, партнерства, joint ventures и инвестиции кон домашните локални производители и правни лица со цел зголемување на производствени капацитети, репрезентативност и промоција, увоз/извоз на производи и странски инвестиции-наведуваат во објавата од општина Куманово.