Поради дефект на затворач од ф-300 милиметри на улица „Женевска” број 45, прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од оваа и улицата „Осло”, како и од дел од улицата „Населба Долно Нерези” во Тафталиџе во Општина Карпош.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8.30 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.