Врховниот суд на Обединетото кралство денеска соопшти дека конечно ги повлекува своите судии од Апелацискиот суд на Хонгконг, поради несогласување со кинескиот закон за национална безбедност.

– Судиите од Врховниот суд не можат да продолжат да заседаваат во Хонгконг, без да е јасно, дека ја поддржуваат администрацијата, што отстапува од вредностите на политичката слобода и слободата на изразување, изјави претседателот на Врховниот суд, Роберт Рид.