На ваквата одлука влијаеше континуираното намалување на бројот и симптоматологијата на ковид пациентите во изминативе две недели во кои немало хоспитализирани пациенти,а на дневна терапија доаѓале од пет до осум лица, велат од болницата.
Епидемиолошката состојба на територијата под надлежност на Општата болница од Гевгелија се оценува како поволна,поточно се наоѓа во фаза на затишје поради што се планира затворање на делот за хоспитализација на пациенти во модуларната болница, велат надлежните од гевгелиската болница.
На ваквата одлука влијаеше континуираното намалување на бројот и симптоматологијата на ковид пациентите во изминативе две недели во кои немало хоспитализирани пациенти,а на дневна терапија доаѓале од пет до осум лица, велат од болницата.
Амбулантниот дел, кој работеше по 24 часа, од 1 април ќе работи само во една смена, од 8 до 16 часот,со дежурен доктор и медицински персонал за преглед на суспектни пациенти, а за време на викендите прегледите ќе ги обавува службата за итна медицинска помош.
Во евиденцијата на подрачната единица на центарот за јавно здравје во Гевгелија се водат 23 активни случаи на пациенти заразени од Ковид-19 кои покажуваат лесна клиничка слика.