Голема акција за пошумување се спроведува на повеќе локации во Општина Илинден.
Акцијата се одвива во населеното место Миладиновци и околината, особено во делот каде имаше пожари и тоа во рамки на проектот „Зелена општина Илинден” и тоа во соработка со ЈП „Македонски шуми”, ЈКП „Илинден” како и општинската администрација.
Како што информираат од Општина Илинден, во рамки на акцијата ќе бидат засадени околу 30.000 садници, а целта е да се придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, унапредување на животната средина, како и подобрување на условите за живеење.
На акцијата за пошумување присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока во општина Илинден се почесто ќе се спроведуваат акции за пошумување.
-Со реализацијата на овој проект се залагаме за еколошки почиста општина, како и подигнување на еколошката свест – соопштија од Општина Илинден.