Предвидените активности на терен согласно програмата на Општина Велес и ЈКП Дервен продолжуваат. Во тек е реконструкција на водоводната мрежа на улицата Орце Шутев, односно замена на старата водоводна линија со нова.
Заедно со директорот Наунчев денес направивме увид во работните зафати, а имав прилика и да разговарам со жителите од оваа улица и да ги слушнам нивните потреби.
Довербата на граѓаните како градоначалник на Општина Велес ја добив токму поради непосредната комуникација со нив, а со преземањето на функцијата оваа пракса ќе продолжи и во иднина. Заложбите за поубав Велес и добросостојба на граѓаните остануваат наш приоритет.