Двајца сенатори на САД подготвуваат нацрт закон според кој сопствеништвото одземено во рамките на санкциите против Русија и нејзини граѓани да се користи за помош на Украина и за нејзина повоена обнова.

Мајкл Бенет, сенатор демократ од државата Колорадо и Роб Портман, сенатор републиканец од Охајо, подготвуваат нацрт за закон за помош на Украина (RELEIF for Ukraine Act).

Според овој закон средствата добиени од конфискација на активи од Русија да се насочуваат во фонд „за заштита, здравје и благосостојба на бегалците и обнова на Украина во областите кои не се под контрола на Руската Федеракција”.

Политичарите предлагаат оформениот фонд да се управува од Стејт департментот и УСАИД, агенцијата на САД за меѓународен развој.