Зголемените врнежите од дожд, но и поради засилениот студен ветер причинет од падот на температурите, по двата пролетни викенди кои ги имавме, во градовите низ Македонија се забележуваат пријави за штети.

Имено, во Охрид ветерот дувал со толку силен интезитет што успеал да ги подигне во воздух одредени делови од објекти, со што се причинети и материјални штети поради одлетани лимени и дрвени конструкции, кои причинија штети на авотмобилите .

Неповолните временски услови кои денес ја зафатија Македонија ќе траат и во наредните денови, а според синоптичарите дури во вторник може да се очекува подобрување на временските услови.

Фото: Јане Н.