Украинските власти ги објавија најновите податоци за загубите на руските сили од почетокот на инвазијата.
Според најновиот извештај, загинале 17.500 руски војници, а уништени се 1.735 оклопни возила, 131 хеликоптер, 614 тенкови и 135 авиони.
НАТО минатата недела процени дека до 15.000 руски војници загинале откако Москва ја почна инвазијата на 24 февруари.
Додека Русија минатата недела тврдеше дека во Украина загинале 1.351 руски војник.