Намален е бројот на новозаболени од Ковид-19 во Штип и општините во Брегалничкиот регион.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, но нема пораст на бројот на вакцинирани со прва доза. Во Штип бројот на имунизирани неколку месеца стагнира. Дијана Коцева –Миланова координатор на вакциналниот пункт во Здравствен дом „Панче Караѓозов"-Штип вели дека интересот е пред се за примање на бустер дозата.

-Во континуитет околу два месеца наназад дневно имаме бројка од околу 30 луѓе. Тоа се претежно луѓе што се хронично болни или постари лица, кои претежно доаѓаат за трета доза или за помладите главна мотивација е патување, вели Коцева – Миланова.

Во штипското Инфективно одделение на болничко лекување се деветмина пациенти, од кои пет се на кислородна поддршка. Притисок од пациенти немаат подолг временски период.