Драмските аматери, средношколци од Кичево до крајот на учебната година на македонски и албански јазик ќе ја подготват претставата „Дипломатски бакнеж“ по текст на професорот Ќамил Алиу, најави Рахим Рамадани режисер и актер во претставата.
„Диполматски бакнеж“ е една од двете драмски претстави што финансиски беше подржана од Министерството за култура за 2022 година.
– Драмската претстава „Дипломатски бакнеж“ на професорот Ќамил Алиу, во соработка со учениците на ОСУ„ Дрита“ Кичево ќе ја подготвиме до крајот на ова полугодие. Се работи за драмска претстава за млади од тинејџерска возраст, кои низ игра ќе го пренесат текстот на авторот до гледачите присутни во салата, истакна Рамадани и посочи дека треба да се изврши избор од 30 ученика кои ќе го понесат главниот товар во претставата.
Тој додаде дека најпрво треба да се договорат со раководството на училиштето и да изврши избор на триесет ученика кои ќе бидат дел од претставата која ја сочинува бројна актерска екипа и потоа да пристапат кон подготовка претставата.
– За подготовка на претставата се потребни 30-45 дена, период во кој сметаме дека младите аматери ќе извршат успешна презентација на овој драмски текст, истакна Рамадани.
Имено, оваа драмска претстава финансиски е подржана од Министерството за култура со 100.000 денари.