Субвенции за инвертер клими за граѓаните на општина Василево.
Денес Советот на општина Василево едногласно го прифати мојот предлог за субвенционирање на домаќинствата во општина Василево за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.
Овој проект беше ветен во мојата предизборна Програма и неговото ставање на дневен ред на денешната седница е всушност потврда дека моите ветувања пред граѓаните не се празни зборови и предизборен маркетинг, туку осмислени проекти произлезени од потребите на граѓаните.
Главна цел на овој проект е заштита на животната средина и намалување на емисијата на штетни гасови кои се ослободуваат со користење на други извори на загревање односно со користење на дрвја,јаглен, нафта кои при согорувањето, во атмосферата испуштаат штетни гасови.
Распределбата на средствата ќе се врши врз основа на јавен повик и уредна и комплетна документација, според редоследот на аплицирање.Максималниот број на домаќинства кои можат да добијат субвенција изнесува 40 домаќинства.
Ветеното го остваруваме!