Дигиталното издание од книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од академик Миле Д. Миќуновиќ во издание на Охридската билбиотека „Григор Прличев“ од денеска до 10 април ќе може да се преземе бесплатно.

Книгата, како што појаснува академик Миќуновиќ, е напишана на 224 страници, со современ дизајн, колор, со 394 фотографии. Во неа е опишано 31 место од каде е фотографирано езерото.

– Поместени се преубави фотографии, погледи на Охридското Езеро со објаснување на местата од каде што е фотографирано, по редослед, од градот Охрид, кон Пештани, Трпејца па врвот на планината Галичица, патот кон Свети Наум, во Албанија, Тушемиште, Поградец, Мемелиште, Удениште, Пискупат, Лин, Калишта, Радожда, Струга и повторно во Охрид со залезот на сонцето. Ова е моја 116 книга и прва во електронска изведба и затоа на читателите бесплатно им ја подарувам со можност да си ја преземат во својот мобилен телефон или својот компјутер преку https://drive.google.com/file/d/1PvwZShtSx3R25PxuiKnCkyuSJvQDhol3/view, информира академик Миќуновиќ.

Книгата, според него, е поттик за туристите однадвор, но и охриѓани, да направат тура околу езерото.