Со пораката „Вистинските убавини заслужуваат да бидат промовирани на вистински начин”, туристичката агенција „Фибула“ и „Види вака раскажувачкото студио“ ги промовираат убавините на Охрид, преку интерактивно видео за туризам „Охридско Езеро со Фибула“.

Овој иновативен концепт, како што соопшти „Види вака“ нуди уникатно интерактивно искуство и му овозможува на гледачот да ги види од прва рака сите содржини и понуди што го интересираат, движејќи се низ видеото со сопствена динамика и избирајќи различни патеки на движење.

– На овој начин убавините на Охридското Езеро и туристичката понуда се приближуваат на најдобар начин до глобалната публика, чии навики и потреби се менуваат под влијание на новите технологии, стои во информацијата.

Преку интерактивното видео, гледачот може да избере тип на активност, која го интересира – култура, гастрономија, авантура, рекреација и да мине низ клучните знаменитости, локации, активности, кои ги нуди Охридскиот регион.

– Со креирањето на овој уникатен промотивен концепт очекуваме понудата за Охридското Езеро да се издвои од останатите понуди кај нашите странски партнери и да придонесе за зголемена посета на Македонија. Воедно, среќни сме што на овој начин ги воведуваме Македонија и Охрид во новата ера на туризмот, во која успешната интеракција со странските туристи многу зависи од успешната употреба на дигитални технологии, вели Асим Меџедовиќ, извршен директор на туристичката агенција Фибула Турс.

Во видеото, покрај убавините на Охридското Езеро, претставени се и голем број локални компании за авантуристички туризам, угостителски обејкти, сместувачки капацитети, со цел истите да бидат презентирани пред посетителите