Поради топење на снегот дојдено е до заматување на водата во градскиот водовод во Кавадарци и препорачливо е водата која се користи за пиење да се преврива, информираа од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец”.

Од ЈП „Комуналец“ соопштија дека оваа мерка ќе важи додека состојбата со водата на изворите не се стабилизира.