Со подароци за децата во дневниот Центар за аутизам во Штип, општината го одбележа Светскиот ден на лицата со аутизам.
Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова истакна дека општината допонително работи на подобрување на условите за живот на децата со аутизам, но и други попречености, па истите може да посетуваат градинка, со тоа што партиципацијата ќе биде покриена од страна на општината.
Во Центарот за деца со аутизам згрижени се седум дечиња, истите се вклучени и се дел од образовниот процес. Овој центар освен што нуди згрижување, нуди и соодветна терапија, подготовка за вклучување во сите сфери од општеството, како и подобрување на соијалната интеракција.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов попладнево ги посети и посебните паралелки во Оштипнското основно училиште „Ванчо Прќе", на кои им додели наставни помагала во вредност од 6.000 денари, а децата учествуваа во регионална работилница по повод Светскиот ден на лицата со аутизам