Во уметничката галерија „Безистен“ отворена е првата изложба на дела, кои се сликани во правецот наива. Публиката може да види уметнички дела од околу триесетина автори, а истата ќе биде поставена и во наредните десетина дена. Сликарот Гоце Божурски вели дека изложбата првпат била поставена во Куманово кон крајот на минатата година.

-За прв пат во нашата земја се организира една голема изложба која опфаќа творештво од областа на наивата. Задоцнување од првото споменување на нивата до сега некаде околу 135 години. Но, подобро некогаш отколку никогаш, вели Божурски.

Поголем дел од уметниците, автори кои први почнале да се занимаваат со наивата, оставиле свои дела и денеска на изложбата, а имаше дела и од автори од Штип. Наивата како правец во сликарството се појавува уште многу оддамна во други земји, но кај нас во државата за прв изложба со ваков правец е направена со доцнење од повеќе од 130 години.