Најновата книга есеи „Пат покрај патот“ од Славе Ѓорѓо Димоски вечер ќе биде промовирана во Охрид.
За книгата ќе зборува проф. др. Димитар Пандев, а модератор ќе биде Јулијана Величковска.
На промоцијата ќе бидат претсавени и две поетски книги на Славе Ѓорѓо Димоски кои заради пандемијата не беа претставени пред јавноста: „Извештаи на Рисот“ и „Јазик и леб“.
Славе Ѓорѓо Димоски е автор на повеќе поетски книги за возрасни и деца, деветнаесет му се преведени на различни јазици, добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, и е застапен во сите релевантни антологии на македонската поезија објавени по 1982 година.